многу повеќе од танц
ЕУРЕКА Капиштец
ул.Загребска бр.28б,Скопје 1000
ЕУРЕКА Автокоманда
Дом на култура
„Димитар Влахов"
ЕУРЕКА Бутел
ООУ ‚‚Свети Климент Охридски‘‘
ЕУРЕКА Ново Лисиче
ООУ ‚‚Александар Македонски‘‘
ЕУРЕКА Кисела Вода
Coming Soon
Еурека нуди целосно искуство, не само танц… Едукација и култура се нашите главни цели, проследени од мотото “Еурека – Сон Реалност“ на кое секојдневно работиме и го развиваме.
Пронајди ја својата група!
возрасна група
МИНИ
4-7
Години
Сите локации
Возрасна група
ДЕЦА
8-12
Години
Сите локации
Возрасна група
ЈУНИОРИ
13-16
Години
Сите локации
Возрасна група
СЕНИОРИ
16+
Години
Капиштец
Што мислат нашите членови
Еурека и моите две деца, приказна која трае 15 години. По препорака на психолог и неколку задоволни родители, моето прво дете за прв пат стапна во студиото на Еурека. Нешто што мислевме дека ќе заврши за кратко време, прерасна во наше секојдневие. По стапките на постарата ќерка, тргна и помалата. Од предшколска возраст па се досега, можам со сигурност да кажам дека Катерина и нејзиниот тим се нашето второ семејство. Посветеноста кон децата во студиото, грижата и негата надвор од него, родителски и другарски однос кој е меѓусебен, прават од Еурека втор дом за нашите најмили. Учејќи се на ред и дисциплина, почит и одговорност, децата растат и се развиваат во здрави единки, спремни за животот понатаму. Ти благодариме Кате и тимот за сите овие години
Васка Јовановска
Родител
Мојата ќерка расте и созрева веќе 6 години со Еурека. Активен член е од нејзина четиригодишна возраст и со Еурека научи што е дисциплина, мотивација, упорност, другарство, прифаќање на различности, помагање, никогаш да не се откажува и најважно од се да ужива во тоа што го прави и никогаш да не се споредува со другите, туку со самата себе си. Преку танцот научи да ужива не само во музиката туку и во јавните настапи. Еурека е едно големо семејство во кое се развиваат и негуваат вистинските вредности кои придонесуваат децата да се развиваат не само во физички јаки, туку и ментално цврсти млади луѓе кое е многу поважно за времето во кое живеат.
Марија Арменски
Родител
10 години со ЕУРЕКА! Задоволство, Среќа, Возбуда, Гордост, Успех, Емоција,Тимски дух, Емпатија…се зборови кои кажуваат многу зошто баш ЕУРЕКА! Моето девојче расте и созрева со Вас,учејки многу важни животни лекции, да се почитуваат и сакаат еднакво сите победи и порази, тимски дух, голема желба и упорност се клучни за остварување на сите поставени цели за успех,а најмногу од се дружбата, љубовта кон танцот, емпатијата,прифакање на различностите, патувањата ,натрпеварите, наградите…се најубавите спомени и вистински вредности кои треба само да се доживеат и кои ќе се паметат цел живот! А јас како родител сум многу горда, среќна, задоволна и благодарна на се она што моето дете го постигна со Вас сите овие години❤️ Топла препорака до сите идни генерации и родители,без двоумење станете дел од Еурека и имајте среќни, задоволни и успешни деца. Деца кои ке научат многу за Емпатија и за вистинските вредности на зивотот! – Маја Бошковска
Маја Бошковска
Родител
Еурека за мене е многу, повеќе од само обично училиште за танц.
Еурека за мене и моето дете значи семејство, со сите вредности кои ги носи со себе семејството: почит, љубов и разбирање. Еурека за мене е најисплатливата инвестиција, бидејќи добив нешто што не се купува со ниедни пари:среќно, задоволно и исполнето дете. А сето тоа низ игра, музика и танц. Ви благодарам од ❤️
Билјана Симичиева
Родител
Зошто Еурека?! Заради беспрекорната посветеност на целиот тим инструктори во градење на позитивни и силни личности подготвени за секакви предизвици. Заради градење на тимски дух и пожртвуваност, емоционална интелегенција и емпатија, грижа и љубовкон сите деца, од најмали до најголеми. Заради неизмерната среќа и радост, долгогодишни другарства со трајни вредности, прекрасни спомени од многу патувања, натпревари, танцувачки кампови. Затоа што се едноставно НАЈДОБРИ
Билјана Адамческа
Родител
Благодарение на Еурека моето дете доби незаборавни спомени сместени во мало главче кои секој ден се побројни и поубави. Дружба, смеа, солзи радосници, возбуда за постигнати успеси, свесност за инклузија, прифакање на различностите и најискрено другарство се само мал дел од придобивките. Љубовта и грижата која несебично ја добива на секое патување ми влева сигурност и мир мене како мајка. Еурека за нас веке е семејство, продолжуваме и растеме заедно !
Александра Спасовска
Родител
Еурека – вториот дом на моето дете. Многу повеќе од танц. Долгогодишна дружба, љубов, насмевки, другарства. Градење на здрави, зрели личности кои полека но сигурно го наоѓаат вистинскиот пат, учејќи ги најважните вредности во животот. Еурека, ти благодариме од срце, продолжуваме понатаму заеднички да испишуваме истроија.
Гордана Кралевска
Родител
Еурека, 20 години дел од нашето семејство! Место каде невозможното станува возможно, место кое примамува многу насмевки, место кое те тера да твориш, созреваш, прифакаш различности и рушиш најразлични бариери. Среќна сум што моето дете растеше, се развиваше и сеуште се надоградува во една ваква институција која неуморно работи во исто темпо 23 години.
Весна Богатиновска
Родител
Еурека е Втор дом. Чувство на безгрижност и среќа. Симбол за слободно изразување, одговорност, хуманост, развој на комплетна личност и многу љубов. 9 години заедно живееме и се радуваме на вистински вредности.
Нина Филиповска
Родител
Таму каде се учи многу повеќе од танц, каде функционираат како фамилија, каде поддршката и другарството се пред секоја награда.Тие кои даваат се од себе и безрезервно вложуваат во секое дете, каде учат да ги почитуваат различностите и да бидат позитивна промена во нечиј живот.
Реткост е во ова лудо време да најдеш некој кој покрај што ќе ги учи и пренесува знаење ќе биде одличен педагог и се што децата прават ќе е со преголема љубов. Сите деца имаат различни супер херои- преблагодарна што моето дете учи секојдневно од нив. Има многу добри, ама тие се посебни.
Ели Кочоски
Родител